Преку ноќта на исток облачноста се намали и утринава температурите се доближија до нулата. Во горниот тек на Повардарието и на поголеми региони на запад до изутрина се задржа облачно и не многу студено време. Утринава е претежно магла има во Демир Капија и Берово и магливо е и во Битолско.
Претпладне по одделни котлини магливо со ниска облачност, преку денот и особено на исток ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во вечерните часови облачноста ќе се зголеми и преку ноќта претежно на северозапад ќе има појава на краткотраен дожд. Дневната температура ќе биде во интервал од 13 до 17 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб југоисточен ветер ветер. Преку ноќта ќе има услови за краткотраен дожд. Температурата ќе достигне 14 степени.