Израелската војска соопшти дека една ракета била испалена од Појасот Газа, на помалку од две седмици по примирјето помеѓу Израелците и Палестинците.
Засега нема извештаи за штета или повредени, пренесuva „АП“.
Претходно месецов, во израелски воздушен напад беше убиен еден од командантите на милитантната група Исламски џихад, по што од Појасот Газа лансирани беа стотина проектили.
Во израелските напади кои следеа загинаа најмалку 34 Палетинци, меѓу кои 16 цивили.
Потоа дојде до примирје постигнато со медијација на Египет и Обединетите Нации.