Сите политички водства сме одговорни за масовното отселување на младите, вели претседателот Стево Пендаровски, надоврзувајќи се на изјавата во Нови Сад каде денеска кажа дека и тој би се иселил од Македонија доколку не е претседател.
-Ја разбирам потребата за дадената изјава на Регионалниот младински лидерски форум во Нови Сад да биде врамена во дневни партиско-политички пресметки, но трендовите во целиот регион и кај нас се неспорни. Губиме висококвалификуван и млад кадар. Одговорноста е на сите политички водства, од независноста до денес. Вклучително и моја – вели Пендаровски во допис до медиумите.
Претседателот додава дека доколку немаат суштинска европска перспектива, поголеми плати и поквалитетен живот, младите ќе продолжат масовно да се иселуваат.
-Младите мора да имаат прва шанса да успеат дома – нагласи Пендаровски.