Неколку дена откако Унаи Емери беше назначен за нов тренер на Арсенал, лондонскиот клуб се очекува во текот на оваа седмица да постигне договор со Борусија од Дортмунд за обештетување на грчкиот одбранбен играч Сократис Папастатопулос.
Арсенал и понудил на Борусија 13 милиони фунти за трансферот на Папастатопулос, додека од германскиот клуб побарале уште три милиони.
Доаѓањето на грчкиот одбранбен играч на „Емирати“ е само првиот од четирите трансфери со кои Арсенал планира во целост да ја измени дефанзивната линија, која во сезоната што измина им создаваше сериозни проблеми.
Договорот на Папастатопулос со Борусија има важност од уште само една година, па затоа на германскиот клуб му одговара да го продаде и да заработи од обештетувањето. Од друга страна и грчкиот фудбалер сака да ја продолжи кариерата во Премиер лигата.