Долниот дом на францускиот парламент се очекува неделава да го ратификува пристапниот протокол за прием на Македонија во НАТО, по расправата закажана за четврток, откако претходно, на 17 октомври тоа го стори и францускиот Сенат.
Пристапувањето на Македонија во НАТО „ќе ја зајакне безбедноста на регионот и на Алијансата во целина“, се наведува во образложението дадено од француското Министерство за Европа и надворешни работи.
По француската ратификација, ќе остане се чека уште ратификацијата на шпанскиот парламент кој сѐ уште не е конституиран.
Очекувањата беа дека Протоколот ќе биде ратификуван од сите 29 земји-членки до самитот на Алијансата закажан за 3 и 4 декември во Лондон, но составот на шпанскиот парламент се очекува да биде познат на 3 декември.