Поранешниот малезиски премиер Наџиб Разак денеска е на распит во антикорупциската агенција за да одговара на прашањата за големиот скандал со проневера на јавни средства, што придонесе за неодамнешниот изборен пораз на неговата коалиција, која беше на власт 61 година.
Тој беше повикан да одговори на прашањата за СРЦ Интернешнел, енергетска придружница на Фондот 1 МДБ, кој го основаше Наџиб по даоѓањето на власт во 2009 година, а кој денес е задолжен повеќе од десет милијарди евра.
СРЦ е ставен под надзор на Министерството за финансии во 2012 година, во време кога Наџиб истовремено беше и премиер и министер за финансии.
Според истражувањето на „Волстрит Журнал“ девет милиони евра се пренесени од СРЦ на личните сметки на Наџиб.
Најмалку пет влади вклучувајќи ги САД, Швајцарија, Индонезија, Сингапур и Хонконг, отворија истраги поврзани со 1МДБ.