Италијанскиот Парламент изгласа намалување на бројот на пратеници за повеќе од една третина, како дел од уставните реформи за кои се залагаше движењето Пет Свезди – М5С, што би можело темелно да ја промени политичката сцена.
Предлог-законот беше одобрен од речиси сите партии. Со него е планирано намалување на бројот на пратеници во Долниот дом од 630 на 400, а во Сенатот од 315 на 200.
Од М5С велат дека со тие намалувања што треба да стапат на сила на следните избори 2023 година, ќе се заштедат стотици милиони евра и ќе го направат парламентот поефикасен.