Репрезентацијата Аргентина е првиот полуфиналист на 18-то Светско првенство (СП) во кошарка, кое се игра во Кина, откако вчера во првото четврт-финале во возбудлив и неизвесен меч го совлада првиот фаворит за златниот медал според ФИБА, селекцијата на Србија со 97-87 (25-23, 29-26, 14-18, 29-20).
Кај победникот најпрецизен беше ветеранот Луис Скола со 20 поени, а кај поразениот Богдан Богдановиќ со еден поен повеќе.
Противник во полуфиналето на некогашниот светски првак Аргентина ќе биде победникот од денешниот четвртфинален дуел од 13 часот помеѓу САД и Франција. Во преостанатите четвртфинални двојки, вчера силите ги одмерија Шпанија и Полска, а денеска попладне од 15 часот играат Австралија и Чешка. Полуфиналните натпревари се в петок.