Британецот Тендај Мусвер е првиот осуден поради изработка на оружје со помош на 3Д принтер, кој може да испука смртоносен куршум, објави полицијата.
Деловите од оружјето биле откриени во рација во која се барала дрога во стан во централен Лондон, во октомври 2017 година.
Мусвер, кој ја признал вината пред лондонскиот суд, им рекол на истражителите дека испринтал 3Д пиштол во склоп на универзитетски проект.
Ова е прва пресуда во Британија која се однесува на производство на пиштол со помош на 3Д принтер.