Форум за антикорупциски реформи се одржа денеска во Скопје, во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН).
Државните институции не се целосно транспарентни и недостига инклузивност на сите засегнати страни во процесот на креирање политики. Постои и недоследна имплементација на домашната регулатива, што се клучни за ефективна борба против корупцијата. Ова се заклучоците од извештајот во сенка за вториот процес на ревизија и имплементација на конвенцијата на обединетите нации против корупцијата.
Новата антикорупциска започна да работи од февруари и до сега стигнале 500 пријави за корупција што во споредба со претходно е голем број велат невладините.
Форумот беше во организација на проектот „Следење на антикорупциски реформи”, што го спроведува МЦМС во соработка со БЦСДН, а финансиски е поддржан од ЕУ.