Татко и син се приведени во полиција по семејна драма која што се случувала во Велес.
Како што информира од МВР, вчера околу 15 часот во СВР Велес било пријавено дека во село Горно Оризари, Велешко, по вербална расправија, В.А.(60) се обидел физички да ја нападне неговата 52-годишна сопруга, но бил спречен од неговиот 30-годишен син.
Според пријавеното, после тоа таткото зел пиштол, но синот успеал да му го одземе, излегол надвор и испукал неколку куршуми во воздух. По преземени мерки, таткото и синот биле приведени во СВР Велес за понатамошна постапка.