Во рамките на 26-от меѓународен музички фестивал „Тарнов“ во Полска, обоистот Васил Атанасов и пијанистот Тодор Светиев ќе изведат целовечерен солистички настап. На програмата се дела од Лоие, Скарлати, Сен Санс, Рамо, Бонзон, Колин, како и композиција од македонскиот композитор Стојан Стојков. Васил Атанасов е мaкедонски врвен уметник, кој со својата обоа ги пренесе високите уметнички вредности од македонската култура и уметност во Европа и светот.
Покрај тоа, тој работи како педагог, солист на Македонската филхармонија, основач и уметнички раководител на камерниот оркестар „Скопски солисти“, на Скопскиот дувачки квинтет, Трио Атанасов, Трио Мацедонико итн. Концертната активност на Васил Атанасов е извонредна, како во земјата така и во странство: Италија, Шведска, Франција, Австрија, Германија, Полска, Португалија, Бугарија, Романија… Во моментов е прв обоист-солист на Македонската филхармонија.