Педесет и пет лица го загубија животот во експлозија на камион цистерна што се случи на неколку стотини километри од меѓународниот аеродром во Ниамеј, во Нигер.
Во несреќата повредени се 35 лица.
Властите соопштија дека камионот се превртел на излегување од градот, а околните жители притрчале да наполнат од бензинот што истекувал.
И околните куќи биле зафатени од огнените јазици.