На Фестивалот настапија неколкумина помлади музички состави и локални диџеи во неколку македонски градови и домовите на културата при истите.
На мини карванот од фестивалот ДОБРА ИДЕЈА 2022 во градовите Кратово, Свети Николе, Кавадарци, Скопје (МКЦ Скопје) настапија диџеите Ели Раста Грл, Исмет, Диџеј Пере, Диџеј Даме и составите Педро Хоризонте, Луфтханза, Вселенаутика и Преку Ред.
Настанот е реализиран во соработка со домовите на култура од неколку градови, а со поддршка на Министерството за култура, а во организација на КУЛТИ ВАТОР од Скопје
Здружението продолжува периодов и со останатите проекти кои во суштината ја имаат единствената мисија-поддршка за свежата македонска сцена и нејзините артисти.
Во продолжение и дел од атмосферата на настаните: