Градоначалникот на Белград, Зоран Радојичиќ, го даде своето одобрение да се постави урната на познатата српска актерка Неда Арнериќ во Алејата на заслужни граѓани.

– Градот Белград ѝ оддава почит на Неда Арнериќ, нашата голема актерка која во својата кариера оствари значајни улоги и на домашната, но и на меѓународната сцена – рече градоначалникот.

– Таа беше омилена на филмското платно, добитничка на бројни награди во Србија и Југославија и остави трага на филмската уметност на која сите сме горди – додаде Радојичиќ.

Неда Арнериќ почина на 67-годишна возраст.