Групата „ДНК“ има нова песна, овој пат соработка со младата и талентирана Мина Блажев. Песната е со наслов „Кобра“ и веќе стандардно, кога станува збор за авторскиот тим, е заедничко дело на Панчо и Лазар Цветкоски, во чие студио е и снимена.
Видеото, пак, е работено во Приштина, под режисерската палка на Валон Азири од продукцијата „Синегр 8“.
– Овој пат имаме нешто сосема различно, младешка песна со убав ритам, која веруваме дека ќе биде вистинско освежување периодов – велат Панчо и Андреј од „ДНК“.
Тие веќе работат на материјалот за новиот албум, кој би требало да биде готов до крајот на годината.