На социјалната мрежа Јутјуб е објавено видео на кое се гледа истовремено уривање дури на 15 облакодери, вредни 154 милиони долари, и тоа само за 45 секунди.
„Тајван њуз“ објави дека облакодерите биле дел од незавршениот проект „Лианг стар сити 2“, почнат во 2011 година, кој често бил прекинуван. Ниту по промената на сопственоста и интервенцијата на Владата, тој не продолжил со градбата до крајот на минатата година. Тогаш сопственичките права ги откупила една компанија за 154 милиони долари.
Одлучено било изградбата да се прекине, бидејќи проектот не ги задоволувал актуелните барања на пазарот, а потоа било утврдено дека темелите се изложени на дождовница и оти не можат да се направат поправки. Затоа единствената опција била уривање со користење експлозив.
Зоната на експлозијата изнесувала 500.000 квадратни метри, што наедно е и најголема зона на рушење во Кина. Евакуирани се околу 2.000 домаќинства, а во уривањето на облакодерите се искористени 4,6 тони експлозив, поставен на 85.000 точки во 15 облакодери. За уривањето биле потребни само 45 секунди.
Сепак, еден облакодер не се урнал, но наскоро и тој ќе стане минато. Меѓутоа, за тоа нема да се користи експлозив.