Мет Вилсон е уметник од Северна Каролина (САД) што собира стар прибор за јадење. Можеби ви изгледа како необично хоби, меѓутоа сѐ ви станува јасно кога ќе погледнете што прави со собраниот прибор за јадење.
Вилсон изработува фасцинантни скулптури од птици и други животни од сребрени ножеви, виљушки, лажици и друг прибор за јадење и прибор за готвење. Тој толку вешто ги витка овие додатоци и ги вклопува во нови форми, што на прв поглед не се ни забележува дека неговите фигури се состојат од прибор за јадење.