pixabay

Храната може да биде лек за вашето тело, но може да биде и отров. Она што го внесуваме во организмот има големо влијание врз нашето здравје (позитивно или негативно), па затоа е многу важно да внимаваме што јадеме и пиеме.

Постојат намирници кои се здрави, но доколку ги консумирате во големи количини, може да бидат многу штетни за здравјето. Затоа треба посебно да внимавате со овие шест намирници.

pixabay.
Брокула и зелка

Доколку имате проблеми со тироидната жлезда, овие две намирници треба да ги избегнувате, или подобро да се консултирате со вашиот лекар околу количината која може да ја внесете. Брокулата и зелката содржат тиоцијанати кои ја попречуваат апсорпцијата на јод.

 

pixabay
Спанаќ и блитва

Оксалатите во спанаќот и блитвата се штетни за оние кои имаат проблеми со камења во бубрезите и зголемено ниво на калциум.

 

pixabay
Цимет

Циметот содржи кумарин кој може да влијае на оштетување на бубрезите и црниот дроб, а во поголеми количини може дури и да го зголеми ризикот од рак.

 

 

pixabay
Сирење

Сирењето не само што е полно со заситени масни киселини кои може да се штетни за срцето, туку содржи и многу сол која лошо влијае на здравјето. Затоа умерено со него.