Секоја година од декември до Велигден, луѓето од земјите низ Европа учествуваат во пагански ритуали за да го почитуваат годишниот циклус на смртта и повторното раѓање на планетата.
Пред неколку години, францускиот фотограф Чарлс Фреже тргна да ги документира многуте костими што се користат низ цела Европа за пагански ритуали, посетувајќи 18 земји на своето патување, меѓу кои се наоѓа и Македонија, за да го открие архетипот на „дивиот човек“ што ја надминува која било култура. Фотографиите потоа беа колекционирани во книга наречена „Див човек“. Костимите што се наоѓаат во книгата потсетуваат на нешто од Комедија дел арте или Денот на мртвите, само многу подлабоко и многу почудно. Тие јасно ги претставуваат ѓаволот, јарците, дивите свињи, користејќи секакви маски, слама, рогови, борови гранчиња, ѕвона, крзно и коски.

Фреже присуствувал и на пагански ритуали во рурална Австрија и сретнал мажи што работат на нивните сложени големи дрвени маски на Крампус цела година како подготовка за фантастичниот „перформанс“ за Ноќта на Крампус на почетокот на декември. Според неговото мислење, не може да се најде разликата помеѓу некое автентично паганско верување и луѓето што само учествуваат во забавно поминување на времето.
Таквите луѓе не преземаат нужно такви ритуали за да ја смират божицата на земјата Ерда и да го подобрат приносот следната година или нешто слично, туку мислам дека во исто време и учесниците и гледачите би се согласиле дека секој добива нешто неопходно, надвор од тоа, нешто заедничко, нешто емотивно – вели фотографот.
Според него, не се работи за опседнатост од дух, туку за доброволно скокање во кожата на животно. Одлучуваш да станеш нешто друго. Избираш да станеш животно, што е повозбудливо отколку да те опседне демон.