Илустрација / Фото: Пиксабеј

Секоја земја и култура има различни обичаи кога е во прашање прославувањето на Новата година. Еве како се слави новогодишната ноќ ширум светот.

Италија

Италијанците по дефиниција се бучни, а таква им е и прославата за Нова година. Колку поголема е бучавата, наводно толку злото побрзо ќе избега. Тие од дома ги фрлаат старите непотребни предмети, од мебел до облека, и тоа преку прозорец. Од друга страна, стар сицилијански обичај вели дека среќата ќе дојде на тие кои на Нова година јадат лазањи, пишува порталот „Гламур“.

Норвешка

Норвежаните се честат со пудинг од ориз. Во пудингот е скриено едно зрно од бадем. Тој што ќе го најде бадемот, во текот на идната година ќе го следи среќа.

Шпанија

Шпанците мора да изедат 12 зрна грозје. По едно за секој месец од годината за да немаат проблеми со среќата, пишува „Ворлд страјдс“.

Фото: Пиксабеј

Куба

Како што Шпанците јадат грозје, Кубанците јадат по 12 грејпфрути, кои исто така ги симболизираат месеците во годината. Замислете им го изразот на лицето, додека ги јадат.

Данска

Данците кршат чинии. И тоа пред својата куќа. Старите чинии се чуваат цела година и на полноќ се фрлаат пред влезната врата на пријателите. Колку повеќе чинии се скршат, толку повеќе пријатели ќе имате, стои во објавата на „Ворлд страјдс“.

Кина

Кинезите слават лунарна Нова година, а тоа е празник на пролетта. Од Кинезите многу може да се научи и да се примени во домашни услови, бидејќи тие тогаш детално ги чистат становите и куќите како симбол на фрлање на сѐ што е старо, а на улиците се организираат церемонијални прослави со големи хартиени змаеви како симбол на моќ и успех.

Бразил

Во Бразил е обичај во новогодишната ноќ да се носи бела облека, наводно за среќа и мир во годината што следи.

Колумбија

Оваа традиција е поврзана како за Колумбија, така и за повеќе латиноамерикански земји. Во секое семејство се шие специјална кукла која ја претставува старата година, потоа истата се полни со парчиња стара облека од секој член од семејството. Потоа доаѓаат на ред хартивчиња на кои секој член на семејството пишува што би сакал да фрли во Новата година. Друг обичај е секој член на семејството за време на новогодишната ноќ под перницата да скрие компир, пишува „Гламур.