Фото: Пиксабеј

Најголемиот европски стакленик се простира на површина што е приближно еднаква на цели 80 фудбалски игралишта. Во него се одгледуваат различни растенија – од домати до цвеќиња. Се наоѓа во Германија, во околината на Емсбирен, во Долна Саксонија.
Неговите карактеристики се: се загрева со дрвен отпад и растителни остатоци, електричната енергија ја обезбедуваат соларни панели, за наводнување се користи прочистена дождовница, која се чува во големи собирни базени, за осветлување на растенијата се користи ЛЕД-осветлување, растенијата се опрашуваат со бумбари, а инсектите играат важна улога во заштитата на растенијата, таму се одгледуваат три вида домати – свитерно, бриосо и риволо, а можат да се соберат 120 тони неделно.
Стакленикот има долга историја. Имено, неговото потекло може да се бара уште во 1954 година кога тоа било мала семејна фарма, а денес голема компанија, „Емсфлаур“, со која управуваат браќа од третата генерација на семејството, а имаат и подружници во Холандија.
Стаклената градина е долга 1,4 километар, а 400-те вработени најчесто патуваат од едниот до другиот крај со велосипед.