Како што пишува „Тајмс“, Камила од 11 март ќе направи мала пауза од кралските обврски и ќе отсуствува цела недела. Се претпоставува дека тоа време ќе го помине со семејството и сопругот. Причина за ваквата одлука е фактот што во изминатиот период Камила имала повеќе обврски од вообичаено, откако на 5 февруари беше објавено дека на кралот Чарлс му бил дијагностициран рак, па должностите морало да се распределат поинаку.
Претходно кралот Чарлс, принцезата Кејт и принцот Вилијам зедоа пауза од извршување на јавните обврски.
Принцезата Кејт Мидлтон направи операција на абдоменот на 16 јануари и оттогаш не е видена во јавноста, а кралското семејство одлучи да не дава многу информации за нејзиното здравје. По неа, во болница заврши и кралот Чарлс, на операција на простата. Тогаш му беше дијагностициран рак, а должноста ја сведе на минимум додека примаше терапија.
Принцот Вилијам, исто така, ги сведе на минимум своите обврски по операцијата на неговата сопруга. Цело време е со неа, а на крајот на февруари се врати на своите обврски. Сепак, минатата недела тој откажа еден настан, што поттикна нови гласини за лошата здравствена состојба на неговата сопруга.