Слоновите можат да играат клучна улога во спасувањето на планетата. Зачувувањето на популациите на критично загрозените шумски слонови е од клучно значење не само за самите животни туку и за заштита на капацитетот за апсорпција на гасови во средината во која живеат, покажува новата студија.
Шумата во Централна и Западна Африка, која е втора по големина на Земјата, би можела да изгуби од шест до девет отсто од капацитетот за „заробување“ на јаглерод диоксид од атмосферата доколку исчезнат заедниците на слонови, што дополнително ќе го забрза глобалното затоплување.

Клучна улога во циклусот на загадувачи

Шумските слонови играат клучна улога во циклусот на загадувачи, „разредувајќи“ ја крошната на прашумите со јадење брзорастечки повисоки дрвја што зафаќаат помалку јаглерод. Ова создава повеќе простор и сончева светлина за побавно растечките дрвја под кои се доловува повеќе јаглерод од околината.
-Ако ги изгубиме шумските слонови, ќе ги намалиме сите напори за ублажување на климатските промени – вели биологот Стивен Блејк од универзитетот „Сент Луис“ во Мисури.
Според него, креаторите на политиката мора сериозно да ја разберат важноста на шумските слонови за ублажување на климатските промени за да се постигне потребната поддршка за зачувување на заедницата на овие животни. Улогата на шумските слонови во нашата глобална средина е премногу важна за да се игнорира.
Користејќи ги податоците од претходните студии и новите информации собрани на терен, тимот анализирал речиси 200.000 записи за начинот на исхрана на шумските слонови во Африка, опфаќајќи повеќе од 800 индивидуални видови растенија.
Преференцијата што ја имаат слоновите за дрвјата со помала густина на јаглерод изгледа се должи на хранливата вредност што ја добиваат од нив, а не на достапноста: тие се повкусни за животните и полесни за варење.
Што се однесува до овошјето, слоновите претпочитаат погусти дрвја, кои имаат поголеми и послатки плодови. Тоа значи дека слоновите помагаат и во дистрибуцијата на семето за овие дрвја богати со јаглерод (апсорбирачки) низ шумската област. Некои видови дрвја не можат ни да преживеат без помошта на овие животни.
– Слоновите јадат многу лисја од дрвјата и прават голема штета. Тие ќе искинат лисја од дрвјата, ќе откорнат цела гранка или ќе искорнат фиданка кога јадат, а нашите податоци покажуваат дека најголемиот дел од оваа штета се јавува кај дрвјата со мала густина на складиран јаглерод. Ако има многу дрвја со висока густина на јаглерод, тоа е еден конкурент помалку во борбата против климатските промени, елиминирани од слоновите – наведува Блејк.

Има помалку од 500.000 африкански слонови

Сега се смета дека има помалку од 500.000 африкански слонови во дивината, што е намалување од три до пет милиони во изминатиот век. Слоновата коска е главната причина за ловот и ова драстично намалување, па во некои области бројот на стадата е намален дури за 80 отсто. Покрај тоа, уништувањето на живеалиштата и влијанието на луѓето и урбанизацијата, заедно со развојот и проширувањето на земјоделското земјиште, дополнително го намалуваат бројот на слонови.
Новата студија ја нагласува важноста на заштитата на африканските слонови, најголемите животни што шетаат на Земјата. Тие се еден од деветте вида мегатревопасни животни, со телесна маса поголема од 1.000 килограми. Според истражувачите, сега има многу помалку мегатревопасни животни отколку порано, а тропските шуми страдаат како резултат на тоа.
Се планираат студии во други региони и други видови за да се види како другите големи тревопасни животни, како што се азискиот слон и приматите, може да влијаат на здравјето на прашумите.
– Слоновите се вистински шумари. Ја штитат шумата, односно дрвјата со висока јаглеродна густина, и ја ослободуваат од плевелот, а исто така прават огромна работа за одржување на разновидноста на шумата – нагласува Блејк.