Шведска и понатаму е убедлив фаворит во обложувачниците, и покрај тоа што нема свој претставник. Букмејкерите се убедени дека Лорин ќе победи на шведскиот избор за песна на „Евровизија“ и дека потоа ќе победи и на „Евросонг“.
Лорин се пласира во финалето на шведскиот натпревар „Мелодифестивален“, а нејзината песна „Tattoo“ и настапот на националниот избор беа објавени на интернет во неделата. Се чини дека на Европа многу ѝ се допаѓа. Песната на Лорин веќе е на топ-листите во Велика Британија и Ирска, а бројот на евровизиските обожаватели, кои се сигурни дека има нов победник, расте од час на час.
Шведска е на врвот на обложувачниците со речиси двојно поголеми шанси од Украина. Над 28 проценти од обложувачите парите ги ставија на победа на Шведска. И Твитер е полн со објави за Лорин, заедно со видеото од нејзиниот настап во матичната земја.
Лорин веќе победи на „Евросонг“ во 2012 година, со песната „Euphoria“, која е на врвот на најпопуларните евровизиски песни во историјата.