Ново во Бруталиск! Во соработка со Арт Бригада и познати DJ имиња и музички педагози ова лето на младите во Скопје им ја нудиме приликата низ забава да учат за клабингот и DJ-ите, да користат DJ опрема и софтвер и да научат да изведуваат и продуцираат електронска музика и hip-hop! Школата за диџејство има за цел стекнување на едукативно, практично знаење за диџејството преку интерактивна, практична настава и сеопфатен пристап кон разработка на предвидените теми.

Конципирана е во 10 работни средби во временски период од две недели, со фиксен термин од 14 до 17 часот секој работен ден. Една работна средба трае три саати со предвивена една пауза од 30 минути. Часот е организиран така што освен теоретското предавање на содржините предвидени во курикулумот, предвидува и практично работење и вежбање на добиените знаења и вештини поврзани со диџејството.

На крајот од школата на 1.7.2023 ќе се одржи вечерен настан во Бруталиск каде учесниците пред публика ќе ги покажат стекнатите вештини.

Регистрации и прашања во инбокс или на [email protected]. Побрзајте! Бројот на местата е ограничен на 15! First come – first served!

*Пријавените треба да поседуваат сопствен лаптоп и слушалки, останатата опрема е обезбедена од организаторот.

**Цена: 9.000 денари

Комерцијална објава