Саудиска Арабија годинава првпат во историјата ќе учествува на престижниот, најголем натпревар за убавина – изборот „Мис универзум“. Оваа исламска земја ќе ја претставува убавата Руми Алкатани, на која ѝ е дозволено да биде обична жена и да ги покаже своето лице, кожа и долгата коса пред светот. Иако Руми поради ова ќе влезе во историјата, сепак има уште многу да му претстави на светот. Таа дипломирала стоматологија, течно зборува англиски и француски јазик, посветена е на културата, уметноста и на науката и е љубителка на патувањата и модата.
На престижниот натпревар, кој ќе се одржи во Мексико, ќе учествуваат повеќе од 90 жени од разни делови на светот, а ќе опфати три категории. Убавиците ќе шетаат во елегантни фустани и во костими за капење и ќе ја претстават својата личност.
На 27-годишна возраст Руми ја претставуваше Саудиска Арабија на меѓународни натпревари, како што се „Мис арапски мир“, „Мис Азија“ и „Мис на Европа“. Активна е во еколошки проекти и на социјалните мрежи, а ја нарекуваат и инфлуенсерка.