Инженерите на „Дизни“ објавија снимка од новиот робот, кој наскоро ќе се појави во парковите на „Дизни“.

Роботот всушност е верзија на бебето Грут од франшизата „Чувари на галаксијата“, а на видеото се гледа како тој зборува, танцува и покажува емоции.
– Ние сме компанија што раскажува приказни, па сакаме да ги оживееме ликовите на најавтентичен можен начин. За нас тоа значи шетачки, роботизиран актер што се движи, гестикулира и чувствува. Сакаме нашите гости да бидат возбудени, како возрасните така и децата. Одлично е да се види дека тие разбираат колку е ова уникатно и забавно – велат од „Дизни“.

Роботот моментално е во фаза на тестирање, а не се знае точно кога ќе пристигне во парковите на „Дизни“ низ светот. Компанијата тестира и други роботи, вклучувајќи и зајак на ролери.