РОБОТИКА И 3Д-ПЕЧАТЕЊЕ

Истражувачите од институтот ETH во Цирих, во соработка со „Инкбит 3Д“, прават пионерски чекори во 3Д-печатењето со меки роботи со вештачки коски, лигаменти и тетиви. За да се постигнат резултати што потсетуваат на серијата „Вестворлд“, тим од истражувачи од ETH во Цирих соработуваше со американскиот стартап „Инкбит 3Д“. Технолошкиот напредок му овозможи на тимот да печати различни висококвалитетни 3Д-материјали во еден процес, што резултираше со поиздржливи роботи.
Пластиката со бавно стврднување нуди неколку предности во 3Д-печатењето. Меѓу другото, помага да се минимизираат внатрешните напрегања што можат да доведат до свиткување и собирање на предметот што се печати. Покрај тоа, побавниот процес на стврднување може да резултира со посилни и поиздржливи отпечатоци, бидејќи секој слој има повеќе време безбедно да се врзе со претходниот. Поиздржливите меки роботи имаат многу добри еластични својства и се враќаат во првобитната состојба многу побрзо по свиткување од полиакрилатите, што ги прави идеални за правење роботска рака.
Роботите направени од меки материјали имаат предности во однос на конвенционалните роботи направени од метал. Бидејќи се меки, постои помал ризик од повреда при работа со луѓе, а исто така се подобри за ракување со кревка стока. Технологијата за 3Д-печатење создава предмети градејќи ги слој по слој. Во овој процес млазниците депонираат специфичен материјал во вискозна состојба во секоја точка, а ултравиолетова ламба веднаш го стврднува секој слој. Сепак, овој пристап не е изводлив со бавно стврднувачка пластика бидејќи стругалката би станала неефикасна поради гумата.
За да се приспособат на употребата на полимери со бавно стврднување, истражувачите го подобрија 3Д-печатењето со инкорпорирање на ласерски 3Д-скенер, кој веднаш го проверува секој отпечатен слој за неправилности на површината. Овој иновативен пристап значи дека наместо да ги измазнува нерамните слоеви, новата технологија ја зема предвид нерамномерноста при печатењето на следниот слој.