Фото: ЕПА

Синдикатите на средношколците и студентите во Франција, „Union syndicale lycéenne“ и „Union étudiante“, повикаа на блокади на образовните установи од следниот вторник, во пресрет на денешните протести во Париз, објави весникот „Ле Монд“.

Портпаролката на Студентскиот синдикат, Сабрин Карбаш, повика на блокирање на универзитетите и средните училишта од вторник. Таа најави и студентски демонстрации за четврток, 5 ноември, во знак на поддршка на работниците кои штрајкуваат.

Според двата синдиката, француската Влада сè уште не дала конкретен одговор на барањата на младите, кои се залагаат за подобрување на условите во образованието.

Денеска низ Франција се одржуваат протести поради високите животни трошоци. За одржување на јавниот ред се распоредени 70.000 припадници на полицијата и жандармеријата.