Роботот адвокат е креација водена од вештачката интелигенција, а следниот месец за првпат ќе се најде во улогата за која е дизајниран, кога ќе му помогне на обвинет пред судот да се избори со прекршочната казна.
Извршниот директор на „ДуНотПеј“, Џошуа Браудер, рече дека оваа вештачка интелигенција работи со помош на паметен телефон. Роботот ги слуша судските аргументи и формулира одговори за обвинетиот и преку слушалки му кажува што да каже во реално време.
Роботот адвокат ќе го преземе својот прв случај на 22 февруари, потврди Браудер на Твитер, но не го откри името на клиентот или судот.
– На 22 февруари ќе се испише историјата. За првпат досега робот ќе застапува некого во судница во САД. Вештачката интелигенција на „ДуНотПеј“ ќе му шепне некому што точно да каже. Ќе ги објавиме резултатите и ќе споделиме повеќе откако ќе се случи. Посакајте ни среќа! – напиша тој на Твитер.
Патем, компанијата „ДуНотПеј“ веќе користела букви и четботови генерирани од вештачката интелигенција за да им помогне на луѓето да обезбедат рефундирање на средства за вај-фај при лет што не функционирал, како и да ги намали сметките и да ги оспорува билетите за паркирање. Тие користеа шаблони за да им помогнат на луѓето и добија повеќе од два милиони случаи за услуги на клиентите и тужби во име на поединци против институции и организации.
Нивниот изум може легално да се користи во некои судници, но во повеќето не. Тоа не го поддржуваат ниту адвокатите, како што подетално објави „Си-би-ес“.