ОД 18 ДО 20 АПРИЛ

Меѓународно акредитиран конгрес, со светски познати имиња од областа на денталната имплантологија, ќе се одржи во Скопје, во хотелот „Хилтон“, од 18 до 20 април. На конгресот ќе учествуваат врвни стоматолози, орални и максилофацијални хирурзи од целиот свет.
Дигитализацијата во стоматологијата и нови трендови во имплантологијата се само дел од темите што ќе ги покрие овој конгрес. Конгресот предвидува практичен и теоретски дел и презентирање напредна хируршка техника во делот на имплантологијата. На конгресот се очекуваат учесници од Европа, Америка, Азија и од Африка.
Еминентни доктори од Македонија исто така активно ќе учествуваат: Митко Франгов, орален хирург и меѓународно лиценциран имплантологог, Златко Вршковски, максилофацијален хирург и меѓународно лиценциран имплантолог, Недим Касами, максилофацијален хирур и имплантолог, Петар Вршковски, орален хирург и имплантолог, Диана Бојковска, орален хирург и имплантолог. За првпат учесниците на конгресот ќе добијат CME европски кредит-поени и меѓународно акредитиран сертификат. Конгресот e во организација на „Шуетц дентал ГмбХ“ од Германија, „Велидент трејд“ и „ИМПЛА стади клаб“ од Македонија.