фото Пиксабеј

Археолозите во јужна Италија откриле урнатини на храм посветен на божицата на мудроста Атина, стар 2.500 години, како и артефакти од голема поморска битка сочувани на тоа место, се вели во соопштението на Министерството за култура на Италија.

Конструкцијата, која веројатно била долга 18 метри и широка 7 метри, дава увид во најстарата фаза на Паестум, некогаш голем грчки град основан од имигранти од Мала Азија, се вели во соопштението.

Мошти од поморската битка кај Алалија, за која се верува дека се случила помеѓу 540 п.н.е. и 535 п.н.е. , биле лоцирани во внатрешноста на храмот – соопшти Масимо Осана, генерален директор на италијанските музеи.

Според Осана, лабораториските испитувања треба да откријат дали има скриени натписи кои би можеле да дадат информации за идентитетот на војниците.

Истражувачите шпекулираат дека храмот бил изграден по поморска битка, за која античкиот грчки историчар Херодот рекол дека се случила на источниот брег на медитеранскиот остров Корзика.
Италијанскиот министер за култура Дарио Франческини го изрази својот ентузијазам за откритијата.
– Важно е да се продолжи со уверување да се инвестира во археолошките истражувања, кои никогаш не престануваат да враќаат важни делови од медитеранската историја – рекол Франческини.