Фото: Твитер/АКН

Фудбалската репрезентација на Сенегал го освои Африканскиот куп на нациите со победата над Египет на пенали со 4-2, во финалето во Јаунде, Камерун, во кое немаше голови по 120 минути игра.

Ѕвездата на Ливерпул Садио Мане го погоди одлучувачкиот удар од 11 метри во пенал-серијата, откако претходно во шестата минута од натпреварот не успеа да реализира шут од белата точка. Одличниот крилен напаѓач беше прогласен и за најдобар фудбалер на турнирот.

Ова е прв трофеј на континенталното натпреварување за Сенегал, откако претходно загуби во финалните мечеви во 2019 и во 2002 година.

Домаќинот на турнирот Камерун стигна до третото место по вчерашната победа на пенали над Буркина Фасо од 5-3, откако натпреварот заврши 3-3.