Новиот хорор од работилницата на „Нетфликс“ е толку застрашувачки што некои гледачи признаа дека не можеле да заспијат откако го гледале филмот. Хоророт „Пустелија“ следи семејство што живее „изолирано од општеството“, а нивниот мир е нарушен од ужасно суштество.
Филмот го режираше Дејвид Казадемунт, според сценариото што го напиша заедно со Марти Лукас и со Фран Меншон. „Пустелија“ има само неколку главни ликови и трае нешто повеќе од 90 минути. Иако филмот на Имдб има оценка од само 4,6, неговата гледаност расте од ден на ден.

„Нетфликс“ во последно време имаше многу среќа со хорор-проектите во странска продукција, а неодамна дебитира и сосема нов хорор филм, кој е толку комплициран и тежок што многу гледачи можеби нема ни да можат да го изгледаат докрај. Шпанскиот филм, насловен „Два“, говори за двајца странци што се будат и откриваат дека се сошиени еден за друг, според официјалниот синопсис на „Нетфликс“. Двојката е дополнително шокирана кога дознава кој стои зад нивното ужасно искушение.