Националниот џез-оркестар настапи на „Еар бит фестивал – Лулу фест“ во Корча, Албанија, каде што беше дел од главната фестивалска програма што се одржа во Старата чаршија.
Овој фестивал обединува уметници од различни земји и култури, создавајќи простор за музичка размена, нови соработки и за заеднички креативни проекти.
На главната фестивалска вечер, под диригентската палка на Џијан Емин, Националниот џез-оркестар се претстави пред меѓународна публика, носејќи дел од современата македонска џез-сцена во атмосфера што ги поврзува музиката, културите и луѓето.
































