Фото: Пиксабеј

Брзиот начин на живот е нешто со што луѓето знаат да се справат во помала или во поголема мера, но тоа не значи дека на сите им е лесно да го направат тоа. Затоа стресот стана секојдневие, но и причина за голем број здравствени проблеми. И во сиот тој дневен стресен предизвик, сепак еден дел од денот е најстресен. Научниците го утврдија точниот дел од денот кога стресот е на највисоко ниво. Поточно тоа е 7.23 часот наутро.
Токму ова го заклучиле научниците од Англија преку истражување на примерок од 2.000 возрасни луѓе во Англија. Ги прашале кога чувствуваат најголем стрес и пресметале дека во просек тоа е 7.23 часот. Но, гледајќи по пол, 7.50 часот е најстресниот дел од денот за жените. За мажите е 8.43 часот наутро.
Стресот е нешто што не може да се игнорира бидејќи е одговорен за голем број болести, физички и психички. Посебен проблем е хроничниот стрес. За среќа, постојат многу начини да се опуштите и да се борите против него и секој што го чувствува тоа треба да научи повеќе за нив.