Македонскиот културен центар во Истанбул беше домаќин на промоцијата на книгата „Тажната приказна на миграциите (размена на население)“ од авторката Суреја Ајташ, проследена со панел-дискусија посветена на темата за миграциите и културната меморија.
Настанот се фокусираше на историскиот процес на размена на население по Лозанскиот договор од 1923 година, кој доведе до масовни преселби и длабоки промени во животите на македонските и турските заедници во Егејска Македонија. Посебен акцент ќе биде ставен на миграцијата на населението од Егејска Македонија во Турција и нејзините последици врз идентитетот, јазикот и културното наследство. За книгата и темата ќе говорат: проф. д-р Елка Јачева Улчар, лингвист, која ќе се осврне на јазичните слоеви и зачувувањето на македонските говори меѓу заедниците во Турција, и Елена Христова, истражувач, документарист и музичар, која преку својата долгогодишна теренска работа има документирано значаен дел од усното наследство, музичката традиција и културните практики на македонската дијаспора во Турција.
Настанот се одржа во присуство на авторката Суреја Ајташ, со потекло од селото Жервени, Егејска Македонија, со која публиката ќе има можност за разговор и размена на мислења. Оваа книжевна вечер имаше цел да отвори простор за сеќавање, дијалог и ново читање на преплетената историја, поставувајќи прашања за идентитетот, припадноста и културниот континуитет во современиот свет.