Калвин Харис, најуспешниот диџеј и продуцент на сите времиња, пристигнува на годинашниот фестивал „Егзит“, кој ќе се одржи од 7 до 10 јули на Петроварадинска тврдина во Нови Сад, Србија! Оваа повеќекратно наградувана музичка суперѕвезда ја предводи листатa на повеќе од 64 нови имиња, меѓу кои се: Џејмс Артур, „Маскед Вулф“, Џоел Кори, Џекс Џонс, Зу, Хани Дижон, Масео Плекс, Монолинк, Реиниер Зоневелд, Сатори, Денис Султа, „Сепултура“, „Напалм Дет“, но и музичкиот гениј на македонската електронска сцена Кирил Џајковски, како и многу други изведувачи за дури пет фестивалски бини, кои заедно имаат неверојатни над 50 милијарди прегледи на Јутјуб и стриминг-платформите! Сите тие се придружуваат на претходно најавените Ник Кејв и „Д Бед Сидс“ и Борис Брејча во новото издание на фестивалот, кое ќе биде одржано од 7 до 10 јули 2022 под слоганот „Заедно. Засекогаш!“, а наскоро стигнуваат и уште големи музички имиња!
Во продажба се четиридневните влезници по цена од 3.700 денари, со заштеда од 60 отсто. Нивниот контингент е лимитиран и кога ќе се распродаде во понудата ќе се најдат влезниците со повисока цена. Еднодневните влезници за петок, 8 јули, кога настапуваат Ник Кејв и „Д Бед сидс“ се достапни по подарок-цени, со повеќе од 40 отсто попуст. Цената на регуларните еднодневни влезници е 1.950 денари, фан-пит влезниците се достапни по цена од 2.550 денари, а ВИП по цена од 6.550 денари. Влезниците можат да се купат онлајн преку страницата на МкТикетс.