Знакот јаболко на заднината на вашиот „ајфон“ не е само украс туку може да послужи и како копче. Многумина не беа свесни за опцијата на „Епл“, па беа изненадени кога на социјалните мрежи почна да се шири видео за тоа како да се овозможи оваа опција.
„Копче за што? За што сакаш“, се наведува во објавата на корисник на Тикток. Функцијата се нарекува Бек тап и можете да ја користите за разни опции (скриншот, камера, блиц…).
Одговара на двоен или троен допир. Опцијата постои само во иОС14 и може да се активира преку поставки. Одите во поставки, ја избирате опцијата пристапност, потоа Тач, па Бек тап. Кога ќе кликнете Бек тап, ќе можете да изберете за која опција и како сакате да го користите гризнатото јаболко.