Довербата во научниците низ целиот свет е на „умерено високо“ ниво, според анкета во која учествувале речиси 72.000 луѓе од 68 земји. Студијата го побива наративот за широко распространета криза на доверба во научниците, пишува научниот истражувачки тим, кој го предводеа Викторија Колоња од Швајцарскиот федерален институт за технологија и Нилс Меде од Универзитетот во Цирих. Нивните наоди покажуваат дека жените, постарите лица и луѓето со високи приходи имаат особено високо ниво на доверба во научниците. Религиозните луѓе, образованите, либералните луѓе и луѓето со левичарски политички ориентации исто така има поголема веројатност да им веруваат на научниците. Жителите на урбаните средини им веруваат повеќе на научниците од оние што живеат во руралните средини. Во многу земји луѓето со десничарски и конзервативни политички ставови имале релативно мала доверба во истражувачите.
Севкупно, 75 проценти од испитаниците се согласиле дека методите на научно истражување се најдобриот начин да се открие дали нешто е вистина или не.
Самите истражувачи признаваат дека студијата има неколку ограничувања. На пример, во некои земји е спроведена на англиски или француски јазик, иако тие не се најзборуваните јазици таму. Покрај тоа, анкетата е спроведена онлајн. И двата фактора можеа да доведат до презастапеност на образовани луѓе.