Српската полиција приведе државјанин на Македонија во Врање под сомнение дека извршил повеќе измами, претставувајќи се лажно како лекар и земајќи пари од граѓани.
Според соопштението на полицијата, уапсен е С.К. (56), кој се сомничи за продолжено кривично дело измама.
Истрагата покажала дека во периодот од 4 до 13 јуни годинава тој телефонски контактирал тројца жители од областа на Врање, претставувајќи се како лекар од Македонија.
На оштетените им кажувал дека нивни блиски членови на семејството наводно се тешко повредени и дека се потребни пари за нивно лекување, со што ги доведувал во заблуда.
Потоа осомничениот лично одел на нивните адреси и подигнувал поголеми суми пари.
Српската полиција соопшти дека против приведениот ќе биде поднесена кривична пријава за продолжено кривично дело измама





































