Постојат голем број лекови што можете да ги користите за да ги контролирате симптомите на алергија на полен, но изборот на храна исто така може да помогне да се намалат симптомите. Храната што може дополнително да ја влоши состојбата во која се наоѓате подобро е да се избегнува во овој период.
Млечни производи: Млечните производи можат да го стимулираат производството на слуз, што ги влошува симптомите како затнат нос и течење на носот. Така, додека е активна таканаречената пролетна сезона, можеби е најдобро да избегнувате храна како млеко и јогурт, па дури и сирење.
Алкохол: Кога имате алергија на полен, телото ослободува хистамин како одбрана од нешто што го доживува како закана. Телото може да произведе хистамин, но може да се најде и во одредени видови храна и пијалаци, вклучувајќи го и алкохолот, што значи дека редовното консумирање алкохол ќе го зголеми нивото на оваа хемикалија во вашето тело и ќе доведе до чешање на кожата и затнат нос.
Кафе: Не треба да пиете ниту кафе, бидејќи, како и алкохолот, содржи големи количества хистамин, што значи дека секојпат кога ќе посакате да пиете кафе, може да ги влошите симптомите на алергија.
Јаткасти плодови: Иако јаткастите плодови се една од најздравите намирници што можете да ги јадете, тие исто така содржат хистамин. Ова особено важи за оревите и индиските ореви. Затоа избегнувајте ја оваа храна и обидете се да ја замените со маслиново масло во овој период како одличен извор на здрави масти.