Фото: Пиксабеј

Новата функција што ги интегрира видеоповиците на Вотсап во Месиџис би можела да стане достапна веќе во наредниот период. „Гугл“ работи на интересна интеграција на својата апликација Месиџис со Вотсап. Најновите верзии на Месиџис би требало да добијат можност да остваруваат видеоповици директно од самата апликација. Ако две лица што користат Месиџис исто така имаат инсталирано Вотсап на своите уреди, тие ќе добијат нова опција во менито што се наоѓа во горниот десен агол – икона за видеоповик на Вотсап. Со допирање на иконата започнува виде повик во апликацијата Вотсап.
Оваа опција моментално функционира само за разговори еден на еден. Во случај на групни повици или ако некој од повикувачите нема инсталирано Вотсап на својот уред, видеоповиците во апликацијата Месиџис стандардно ќе се „префрлаат“ на Гугл мит. Тоа, се разбира, може да се промени до моментот кога официјално ќе биде објавена интеграцијата на видеоповици Вотсап во Гугл месиџис. Се претпоставува дека кога ќе се случи тоа, на корисниците ќе им биде дадена опција да избираат помеѓу видеоповици на Вотсап или Мит. Сè уште не е познато кога официјално ќе биде пуштена функцијата, но активно се работи на неа.