Неверојатно редок тркачки автомобил „ферари“ ќе се најде на аукција месецов и се проценува дека ќе достигне цена помеѓу 34 и 38 милиони долари. Станува збор за автомобилот „ферари 250 теста роса“ од 1958 година, поконкретно една од само 19-те варијанти на кои работел Серџо Скаљети. Уште попривлечен е фактот што ова е еден од само неколкуте автомобили на „теста роса“ со оригинален мотор и менувач.
Автомобилот со број 0738 ТР учествуваше на речиси 20 трки и победи четири пати. Аукциската куќа „Сотби“ го става на аукција во американскиот град Детроит од 21 до 23 февруари. Иако понудите ќе бидат приватни, аукциската куќа проценува дека автомобилот вреди некаде помеѓу 34 и 38 милиони долари.
Од куќата велат дека автомобилот потекнува од позната американска колекција на која ѝ припаѓал повеќе од десет години. Овие модели на „ферари“ се екстремно ретки за продажба, а во последниве години – како што е случајот со другите 250 модели – цените вртоглаво пораснаа. Моделот „250 теста Роса“ беше продаден за 16,4 милиони долари во 2009 година, што тогаш беше рекорд за автомобил продаден на аукција.
Иако генерално се смета за помалку вреден од „250 ГТО“, „250 теста роса“ е многу поредок и еден од најуспешните тркачки автомобили на „ферари“, со неколку победи.
– Во споредба со најомилениот модел на „Ферари“, „250 ГТО“, „теста роса“ има значително подобри резултати во конкуренцијата. Овој модел направи револуција во светскиот шампионат за спортски автомобили и победи на трката 24 часа Ле Ман без преседан четири пати. Овој автомобил е исто така многу редок кога се гледа вкупниот број на произведени модели. Неговата реткост, падот на покривот и легендарниот дизајн, кој постои на само 19 автомобили, го става овој примерок на ниво на делата на Микеланџело или Бернини. Ниту една светска колекција не е комплетна без ова ремек-дело, врв на уметноста на тркала. Овие можности се ретки и логично е што ова е нашиот најексклузивен метод на продажба – велат од „Сотби“.