Според научниците, трите планети најблиску до Сонцето – Меркур, Венера и Земјата – ќе ја доживеат истата судбина за околу пет милијарди години
Научниците за првпат забележале како далечна ѕвезда „голта“ планета со големина на Јупитер, по што исфрлила сѐ уште непознат материјал во форма на „енергетско ждригнување“. Ѕвездата пораснала толку многу што нејзиното гравитациско поле ја вшмукало планетата.
Ѕвездата се наоѓа во нашата галаксија, Млечниот Пат, оддалечена околу 12.000 светлосни години. Ѕвездата е стара околу десет милијарди години, односно е двојно постара од Сонцето, нејзиниот состав и големина некогаш биле исти како Сонцето, а моментално е во фаза на „црвен џин“.
– Ѕвездите од типот на „црвениот џин“ растат со текот на времето и можат да бидат и до сто пати поголеми од нивната оригинална големина, кога ќе почнат да ги „голтаат“ блиските планети. Трите планети најблиску до Сонцето – Меркур, Венера и Земјата – ќе ја доживеат истата судбина за околу пет милијарди години, што е време за кое се очекува дека Сонцето ќе треба да ја достигне таа големина – изјави Кавли Кишалај Де, научен соработник на Институтот за астрофизика МИТ,.
Тој вели дека „проголтаната“ планета орбитирала на слично растојание од ѕвездата како што Јупитер орбитира околу Сонцето.