Гепардите мецецов ќе се вратат во индиските шуми, за прв пат по повеќе од 70 години.
Осум диви мачки од Намибија ќе шетаат слободно во националниот парк Куно-Палпур во државата Мадја Прадеш, што е обид животното да биде вратено во неговото природно живеалиште, објави „Гардијан“.
И покрај тоа што е витален дел од индискиот еко-систем, гепардот беше прогласен за исчезнат од земјата во 1952 година, поради губење на живеалиштата и поради ловокрадство.
Гепардите можат да трчаат со брзина и до 113 километри на час, што ги прави најбрзи копнени животни во светот.
Во дивина, во светот се останати само околу 7.000 гепарди. Овие животни се прогласени за загрозен вид. Намибија има најголема популација на гепарди во светот.
Официјалните лица работат на преместување на животните од 2020 година, откако Врховниот суд на Индија објави дека африканските гепарди може да се вратат на „внимателно избрана локација“.
Напори за враѓање на гепардите во Индија од Иран имаше во седумдесетите години од минатиот век, но пропаднаа по иранската револуција.