Оскаровецот Дензел Вашингтон започна серија филмови за поранешниот маринец Роберт Мекол во 2014 година. Третиот филм од серијалот, „Праведник 3: последното поглавје“ ќе биде и последниот филм од франшизата. Овој пат Дензел нѐ носи на патување во Италија, а ќе му се придружи и Дакота Фенинг.
По пензионирањето, поранешниот соработник на специјалните сили Роберт Мекол (Дензел Вашингтон) се обидува да најде утеха во делењето на правдата. Во првото остварување ладнокрвната одмазда на Мекол ја почувствуваа руските мафијаши со американска адреса, додека во вториот дел продолжи да се бори за правда и да ги спасува оние на кои им е потребна помош.
Во последниот дел од филмот, Роберт е во јужна Италија. Мекол се обидува да му сврти грб на своето минато, но набрзо дознава дека луѓето со кои се зближил во Италија се под јаремот на локален мафијаш. На поранешен припадник на специјалните сили му е тешко само мирно да гледа. Далеку од Бостон, Мекол знае што треба да направи – да ја запре мафијата и да ги спаси своите пријатели.
Филмовите за „Праведникот“ се базирани на ликовите создадени од Ричард Линдхајм и Мајкл Слоун, а всушност се рестартирање на истоимената легендарна телевизиска серија од 1980-тите години.
Благодарение на Дензел Вашингтон и режисерот Антоан Фуква, нѐ чека многу возбуда во кината. Како и претходните два, последниот филм од трилогијата е направен според едноставниот но ефикасен принцип на одмазднички филмови, кога еден човек го заобиколува правниот систем и ја зема правдата во свои раце.