Американската актерка Анџелина Џоли ги повика своите следбеници на Инстаграм да им помогнат на Турција и Сирија, кои во понеделникот беа погодени од разорниот земјотрес.
– Моето срце е со народот на Сирија и Турција. Тешко е да се замислат неверојатната болка и страдање низ кои сега поминуваат многу семејства – напишала Џоли.
Холивудската ѕвезда напиша дека дала донација и изрази надеж дека „другите ќе размислат за донирање“ за да им помогнат на спасувачките тимови да продолжат со својата работа. Таа сподели слики од областа погодена од земјотресот и линк за донирање.
На крајот на минатата година, Џоли ја напушти функцијата специјална пратеничка на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), која ја извршуваше неколку години.