Пристигна првиот трејлер за втората сезона на серијата „Си“, во која главните улоги ги толкуваат Џејсон Момоа, Дејв Батиста и Алфре Вудард. Исто така, беше потврдено дека серијата ќе има и трета сезона, и дека втората сезона ќе има осум епизоди, чие емитување ќе започне на 27 август.
Во втората сезона, главниот лик Баба Вос (Момоа) се обидува да го заштити своето семејство од претстојната војна. Сѐ станува уште покомплицирано откако по долго време се појавува неговиот брат Едо (Батиста), со една единствена намера – да му го загорчи животот и да му одземе сѐ што сака. Покрај тоа, бројот на деца што прогледуваат расте и се чини дека контролата ќе ја имаат сите оние што гледаат. Покрај Момоа, Батиста и Вудард, главните улоги во втората сезона ги толкуваат: Идн Епстајн, Том Мисон, Хун Ли, Оливија Ченг, Дејвид Хјулит и Тамара Туни.
Премиерата на втората сезона е закажана за 27 август на стриминг-платформата Епл ТВ плус.